[ФОТО] Која е 21 година помладата сопруга на Квентин Тарантино? Таа глуми и пее, а љубовта кон музиката ја наследила од славниот татко

Точка

22/11/2025

17:54

881

Големина на фонт

а а а

Познатиот американски режисер Квентин Тарантино (62) дојде да ја поддржи својата сопруга Даниела Пик (41) на премиерата на филмот „Совршено коцкање“ во Лос Анџелес, криминална драма во која таа игра една од главните улоги. Пик и Тарантино, иако ретко се појавуваат заедно во јавност, заедно пристигнаа на црвениот тепих и не ја криеја својата блискост пред фотографите.

Познатиот режисер не се одвојуваше од својата сопруга, а за оваа свечена пригода Пик избра црвен фустан со гол грб кој совршено ѝ прилегаше.


Парот се запозна во 2009 година во Израел, додека Тарантино го промовирше својот филм „Безмилосни копилиња“, а врската ја започнаа дури во 2016 година. Девет години по нивната прва средба, Тарантино и Пик се венчаа на интимна церемонија во Беверли Хилс.

За време на гостувањето во шоуто на Хауард Стерн, Тарантино се потсети на нивната прва средба која се случила во ноќен клуб.

„Танцувавме заедно цела ноќ, најмалку три часа. После тоа морав да ја фрлам кошулата бидејќи беше многу валкана, ужасно изгледав“, откри Тарантино и додаде:


„После тоа, секој си тргна по својот пат. Јас продолжив со мојот живот, а таа со својот. Шест години подоцна на едно крстарење ја сретнав нејзината добра пријателка и таа ми рече да ѝ се јавам на Даниела. Неколку дена подоцна договоривме состанок и останатото е историја“, раскажа режисерот.

Дома е најубаво

Нивниот постар син Лео е роден во 2020 година, а две години подоцна режисерот и актерката добија девојче, чие име до денес не е познато во јавност.

Во шоуто на Џими Кимел Квентин Тарантино откри дека го именувал својот син по дедото на неговата сопруга.

„Иако многумина мислат дека му го дадов името по мојот голем пријател Леонардо Дикаприо, тоа не е вистина. Тој го доби името по дедото на мојата сопруга, но и затоа што во нашите срца го доживуваме како мал лав“, рече режисерот, додавајќи дека Даниела му е најголема поддршка, како во кариерата, така и во приватениот живот.

И сопругата на режисерот проговори за нивниот заеднички живот.


„Двајцата сме многу посветени на семејството, сакаме да бидеме дома и да гледаме филмови“, рече таа во едно од ретките интервјуа што го даде за израелското списание „Пнаи Плус“.

„Сакам да готвам и често поканувам пријатели дома, поминуваме многу време заедно. На Квентин навистина му се допаѓа како готвам и слободното време го поминуваме заедно. Тој е вистински џентлмен, романтичен, духовит, згоден и неверојатен сопруг“, додаде таа.


За малку на „Евросонг“

Даниела Пик е родена во 1983 година во Израел и е ќерка на познатата израелска пејачка и композиторка Свика Пик. Како и нејзиниот татко, таа се вљубила во музиката уште од рана возраст, а кариерата ја започнала со нејзината сестра Шерон. Во 2005 година сестрите настапиле на израелскиот натпревар за избор на претставник на Евровизија.

После тоа Даниела започнала соло кариера и го издала албумот „Sometimes Dreams Come True“ во 2009 година, а освен музиката, оваа талентирана Израелка веќе некое време се занимава со манекенство и неколку пати се појави на насловните страници на бројни модни списанија, претежно во Израел.


На талентираната Израелка не ѝ е непозната ниту глумата, па освен во филмот „Совршено коцкање“, таа имаше мала улога како Дафне Бен-Кобо во блокбастерот „Беше еднаш во Холивуд“, кој го режираше и продуцираше Тарантино.