Зошто не е добро да се пере автомобилот на ниски температури?

Точка

21/11/2025

13:46

588

Големина на фонт

а а а

Постојат бројни мислења околу тоа како правилно да се одржува автомобилот во зима, а германскиот автоклуб „ADAC“ објави неколку практични совети на таа тема.

Колку често треба да се пере автомобилот во зима?

Во суштина – исто како и во летните месеци. Перете го кога имате чувство дека на вашето возило му е потребно перење, без некое посебно „зимско правило“.

Дали е точно дека автомобилот во зима е особено изложен на наслаги од патна сол?

И да и не. Ставот дека зимската нечистотија – агресивната, солена течност од патот – има силен корозивен ефект и дека мора што почесто да се отстранува, најмногу важи за веќе оштетени површини на лакот, било од гребнатини или лупење. Беспрекорно зачуваната боја без проблем ги поднесува наслагите од валканиците.

Ниту подвозјето на модерните возила повеќе нема големи проблеми со корозија: благодарение на фабричките заштити, подобрената обработка и поцинкуваниот лим, тоа е многу поголем проблем кај постарите автомобили.


Кога во зима треба да се избегнува автоперална?

На екстремно ниски температури, под – 10 степени. Треба да се избегне термички шок кога водата во автопералната, која обично е меѓу 10 и 30 степени, ќе удри во делови од возилото кои дотогаш биле изложени на силен мраз. Особено површините со оштетен лак можат дополнително да страдаат од вакви температурни оптоварувања.

Пред влегување во автоперална важно е да се отстрани целиот снег и мраз од возилото. Стругањето на мразот може да го оштети лакот!


Која програма за перење е најдобар во зима?

И тука важи истото правило: основната, евтина програма најчесто е сосема доволна – важно е возилото добро да се испрска пред перењето за да се отстранат честичките што би можеле да ја оштетат бојата на четките. Скапите програми со топол восок или заштита на подвозје не се неопходни од аспект на самото возило. Секако, секој може да одлучи дали сака да си приреди дополнителна услуга.

Многу поважно е стручњак повремено да го прегледа автомобилот. Пред и по зимата може да се откријат и санираат можни оштетувања на заштитата на подвозјето – така ’рѓата нема никакви шанси.