Кол Палмер пропушти голем број натпревари на Челси поради конзервативниот начин на рехабилитација од повредата на препоните, но наместо очекуван камбек, сега се соочил со поинаков проблем.
Менаџерот Енцо Мареска денеска открил дека англискиот репрезентативец нема да биде во составот овој викенд, бидејќи повредил прст на ногата додека се движел во тоалетот во својот дом.
– Кол нема да биде со нас утре, а веројатно и на дуелите со Барселона и Арсенал.
– За жал, имал несреќен момент дома кога го удрил својот прст. Не е ништо страшно, но засега нема да биде во комбинација.
– И јас самиот се удирам кога ноќно време одам во тоалет, такви работи се случуваат. Беше многу блиску до враќање во тимот, не знаеме дали има фрактура, но знаеме дека нема да игра наредниве две недели, – рекол Мареска.
Челси утре му гостува на Барнли, а потоа следуваат дерби пресметките со Барселона (ЛШ) и Арсенал (Премиер).







