Коментаторот го критикуваше, Депај одговори со мајсторски погодок за победа на Коринтијанс

Дерби

21/11/2025

12:27

154

Големина на фонт

а а а

Мемфис Депај последниот период добиваше многу критики од бразилските медиуми за своите настапи за Коринтијанс, но уште еднаш ја потврди класата на дербито со Сао Пауло.

Коринтијанс дојде до важна победа и ги израдува своите фанови, а холандскиот репрезентативец го постигна вториот гол во победата со резултат 3:1.

Депај се врати од Европа каде имаше обврски кон националниот тим и недоволно одморен настапи за Коринтијанс, по што успеа да реализира на атрактивен начин.

Холанѓанецот ја протна топката низ нозе на еден противнички играч и потоа испрати максимално прецизен удар, со што комплетираше еден од најубавите голови во кариерата.