Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2025-та година” за кое е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,150 активни потрошувачи.
Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови за 2025-та година” за кое е користен репрезентативен примерок од повеќе од 1,150 активни потрошувачи. Агенцијата 9-ма година по ред прогласува ТОП 3 преферирани ланци на маркети и 6-та година по ред Најпознати Брендови според потрошувачите во Македонија. Во истражувањето се прогласуваат и категориите како Најмодерен маркет, Најдобар сооднос на цена-квалитет, Маркет со најдобра локациска покриеност и посебната категорија на најдобар Интернет Маркет.
Тврдите дисконти повторно го доминираат “пазарот” со уште повисоко учество во однос на претходната година. Секој потрошувач, без исклучок пазари во минимум еден тврд дисконт, а голем дел од нив во два или три. Всушност, КАМ Маркет, Стокомак и Киппер остваруваат и значително повисок приход, број на физички локации и географска покриеност. Со започнување на работа на Лидл – Северна Македонија во следниот период дополнително ќе се промени структурата и потрошувачкото однесување. Класичните ланци на маркети или ги задржуваат учествата или бележат намалување без значителен напредок во позициите. Всушност, тоа и не е негативно имајќи го во предвид претходниот турбулентен период, во кој и покрај инфлацијата, ценовните притисоци и конкуренцијата од тврдите дисконти, класичните ланци си ги задржуваат позициите. На пример Тинекс, иако не е повеќе на третата позиција има приближно идентично учество како и претходните години.

Како и претходните години, повторно е забележливо дека потрошувачите го зголемуваат просекот на маркет ви кои пазарат. Трендот е поттикнат од инфлацијата и потребата за оптимизација на потрошувачката кошница кое што придонесува да потрошувачите посетуваат различни маркети. Во просек еден потрошувач пазари во 3.59 маркети во 2025-та споредбено со 3.27 во 2024-та година и 3.10 во 2023-та.
Преферирани маркети според потрошувачите
Кам Маркет, девет години по ред има првата позицијата како префериран маркет во кој потрошувачите пазарат. Во тековното истражување за 2025/26-та година приближно 78% од потрошувачите го избрале тврдиот дисконт како место за пазарење. Забележливо е дека КАМ Маркет по стагнација на учеството во претходните 4 истражувања (2021 – 2024) бележи раст од 6% на учеството, што е значајно имајќи го во предвид дека и така има високо учество во преференцијата на потрошувачите.

Стокомак го зголемува учеството на 66% во овогодинешното истражување, во споредба со 58% претходната година, што укажува дека значително се зголемил бројот на потрошувачи кои пазарат во тој ланец на маркети. Најголем раст на учеството е забележливо кај Киппер, кој од 5% на 38% учество помеѓу 2017-та и 2025-та година. Иако има пониско учество споредбено со КАМ Маркет и Стокомак, се позиционира на третата позиција и се очекува во следните години да ја зајакне истата. Растот на Киппер се темели на големото проширување на малопродажната мрежа, не само како физички локации туку и региони во последните неколку години. Таквата стратегија според резултатите придонела за Киппер да е место за пазарење на се поголем број на потрошувачи. Дополнителното ширење во 2024 и 2025-та година ќе придонесе за зголемување на базата на потрошувачи а со тоа и унапредување на позицијата.
Лојалност на купувачи
Степенот на лојалност се калкулира врз основа на однесувањето на потрошувачите на ниво на ланец на маркети, без разлика на позицијата на маркетот во генералниот распоред. Процентот се пресметува како сооднос помеѓу вкупниот број на лица кои пазарат во определен маркет и оние кои го преферираат, односно ја претставуваат лојалната група на потрошувачи. Ако во КАМ Маркет пазарат 68% од потрошувачите, од нив 45% се лојални на брендот. Калкулацијата е изработена со цел да се определи процентот од потрошувачите кои што маркетите можат да ги сметаат како лојални. Лојалноста не подразбира дека потрошувачот пазари исклучиво во тој маркет, туку дека е примарен и редовен избор при пазарењата.
Тоа што е генерално забележливо од трендовите е дека лојалноста е намалена кај дел од малопродажните ланци. Тоа е пред се последица на зголемување на бројот на маркети каде потрошувачите пазарат. КАМ Маркет и Стокомак бележат намалување на учествата од 2022-ра до 2025-та година, додека Киппер во последната година. Истото го потврдува трендот на промена на однесување на потрошувачите.

На првата позиција е Кам Маркет кој има приближно со степен на лојалност од 38%. На втората позиција како маркет со најголема лојалност на потрошувачи е позициониран Веро со 33% од потрошувачите. Осовременувањето на дел од продажните објекти на хипермаркетот со дополнителен асортиман на производи влијае на задржување на постоечките потрошувачи во значително поголем степен од останатите класични ланци на маркети. На третата позиција во истражувањето во тековната година е Киппер со 26% лојални потрошувачи во последната година.
Најмодерен, најдобар сооднос цена-квалитет и локациска покриеност
Освен основните критериуми, се анализира и кои маркети потрошувачите ги сметаат за најмодерни, имаат најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот и имаат локациска покриеност.

Според добиените податоци Веро е најмодерен маркет во Македонија според 35% (зголемување од 4% во однос на претходното истражување) од потрошувачите. Најдобар сооднос помеѓу цената и квалитетот на производите има Кам Маркет според 38% од потрошувачите и истиот маркет има најдобра локациска покриеност со 35% учество.
Интернет супермаркет
Трета година по ред се анализира и кој е најпознатиот интернет маркет (без разлика дали активно купуваат потрошувачите или не) во Скопје. Добивањето на сѐ поголемо значење на електронската трговија во Македонија укажува дека во следниот период ќе биде еден од главните канали за комуникација и дистрибуирање на производите од производителите и дистрибутерите до самите потрошувачи.

Како најпозната е-продавница според потрошувачите во Македонија е Paket.mk за 50% од потрошувачите, потоа Рамстор – ramstoredodoma.com.mk за 24% и на третата позиција е Рептил со 13%. Тоа што е од важност е дека купувањето на прехранбени производи преку интернет е сеуште во зачеток во Македонија. Од анализата на категориите кои што потрошувачите би ги купиле или не преку интернет, укажува на голема скептичност за купување голем број на категории на производи. Сепак, развојот е неминовен и компаниите се повеќе ќе пронаоѓаат начини за надминување на бариерите.















