Пациентот што го возеле почина во болница, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје

Макфакс

20/11/2025

15:15

3.750

Големина на фонт

а а а

Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“ дошло до инцидент со медицинско возило.

Според пријавеното, комбе „рено трафик“ на приватна здравствена установа, управувано од 55-годишниот Ж.А. од Скопје, нагло закочило при обид да избегне судир со друго возило, кое веднаш го напуштило местото.

Од наглото кочење со тешки телесни повреди се здобила 26-годишната лекарка А.М., а со полесни повреди 41-годишната А.Р., двете од Скопје и вработени во установата. Повредите им биле констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“.


Во возилото се превезувал и 89-годишниот Ј.Т., пациент со здравствени проблеми. Тој бил пренесен во „Св. Наум Охридски“, каде што лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

Полицијата извршила увид на местото и презема мерки за целосно расчистување на случајот.