[ВИДЕО] Скопјанец нашол „лек“ за непрописно паркирање: Еве каква слика ги дочека жителите на Влае утрово

Точка

19/11/2025

20:00

1.062

Големина на фонт

а а а

Проблемот со непрописното паркирање не е никаква новост, не само во Скопје туку и пошироко, но на еден жител во Влае очигледно му било доста од трпење на ваквата појава.

Непознат сторител синоќа ги пробушил гумите на шест непрописно паркирани автомобили во населбата Александрија во Влае, пишуваат медиумите.

На социјалната мрежа „X“ беше објавено видео на кое се гледаат шест непрописно паркирани возила на сред улица, сите со пробушени гуми. На видеото се гледа дека на улицата веќе се поставени метални и гумени столбови со цел да се спречи „дивото“ паркирање, но некои од жителите успеале да ги заобиколат и да ги остават своите автомобили.

„Утрово го шетам кучето и што да видам, некој нервозен комшија вчеравечер „завршил работа“, ќе има кавги“, напишал човекот кој го објави видеото на социјалните мрежи.

Иако поголемиот дел го пофалија овој чекор, имало и такви кои го осудија делото, тврдејќи дека нема оправдување за нанесување материјална штета на други луѓе и дека требало да реагираат надлежните институции.