Топлото чоколадо е еден од најпопуларните зимски пијалаци. За да го направите дома, потребни се само неколку состојки, а резултатот е кремаст и ароматичен пијалак во кој може да ужива целото семејство.
Наместо пијалаци од продавница, лесно можете да го подготвите овој вкусен десерт дома без многу мака.
Потребни состојки:
• 400 мл млеко;
• 2 лажици какао;
• 2 лажици шеќер;

• 1 чоколадо;
• 1 лажица густин.
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во тенџере и гответе на тивок оган, мешајќи повремено, додека смесата не зоврие.
По желба, гответе додека не се постигне саканата густина.

Истурете топло чоколадо во чаши или шолји и декорирајте со шлаг, чоколадни струготини или додатоци по ваш избор.
За уште побогат вкус, додадете малку ванила или цимет. Овој пијалак е најдобро да се пие веднаш по подготовката, додека е сè уште кремаст и ароматичен.
Уживајте!







