[ВИДЕО] Влегол во напуштен забавен парк, а таму го дочекал „монструм“: „Буквално ја заборавиле“

Точка

19/11/2025

19:01

978

Големина на фонт

а а а

Кога еден Јутјубер влезе во напуштен зоолошки парк очекувајќи само прашина и урнатини, не можеше ни да замисли дека само неколку минути подоцна ќе стои пред морничава, речиси нереална глетка — огромна бела ајкула, совршено сочувана во резервоар со матна течност. Откритието што изгледа како сцена од хорор-филм стана глобална интернет-сензација.

Австралискиот зоолошки парк „Wildlife Wonderland“ беше затворен во 2012 година. Сите животни беа преселени во други природни паркови, а процесот беше логистички исклучително сложен — од најголемите цицачи до најмалите суштества, за секое се бараше нов дом.

Но еден жител на паркот, несреќната ајкула, останала заборавена во мракот.

Залутал во напуштениот парк и го снимил сè

Две години по затворањето, авантуристот и Јутјубер Лаки Мек решил да го истражи запуштениот комплекс. Она што го затекнал изгледало како сцена од дистописки филм: простории прекриени со прашина, купови расфрлани предмети, распадната опрема од некогашниот зоо-парк …

А потоа — шок. Како што пренесува „LadBible“, во една затемнета просторија забележал огромен резервоар исполнет со формалин, а во него пловело телото на масивна бела ајкула.

Видеото од морничавото откритие стана вирално со неверојатна брзина — благодарение на тишината, матната течност и чувството дека времето во тој резервоар е целосно запрено.

Која е Роси?

Големата бела ајкула по име Роси угинала во 1997 година откако се заплеткала во рибарски мрежи покрај брегот на Австралија. Откако бил утврдено дека не може безбедно да се ослободи, била донесена одлука за хумана евтаназија.

Нејзиниот пат потоа бил невообичаен: најпрво била чувана во замрзнувач за едукациски цели, потоа префрлена во формалин, а подоцна донирана на „Wildlife Wonderland“, каде што станала необична атракција на паркот.

Но кога паркот се затворил, сите животни биле преселени — освен неа. Роси останала да плови во заборавен резервоар.

Во 2019 година се случил целосен пресврт. „Crystal World Exhibition Centre“ го купил телото на Роси и буквално ја спасил од распаѓање. Повторно била конзервирана и преместена — помалку чудно — на отворено паркиралиште пред нивниот објект. Иако тоа сигурно не е природно живеалиште на ајкула, судбината е многу подобра од останување да се распаѓа во напуштена зграда.