Мароканската принцеза Лала Салма Бенани беше едно од најпознатите лица пред десетина години.
Таа го придружувала и го претставувала својот сопруг во јавноста, беше честа гостинка на кралските настани, а потоа мистериозно исчезнало.
Од 2017 година, речиси и не ја видовме во јавноста. Бидејќи беше многу интересна за јавноста, нејзиното исчезнување предизвика бројни контроверзии.

Салма Бенани го запознала кралот Мохамед VI на приватна забава во 1999 година, кога била студентка. Тие се свршиле на 12 октомври 2001 година, а се венчале на 21 март 2002 година истата година. Тоа лето, Салма и кралот се венчале во главната кралска палата во Рабат.
Таа и нејзиниот сопруг ги поместиле границите на она што општеството претходно го сметало за нормално за кралските сопруги и поставиле бројни преседани во текот на нивниот брак. Имено Салма усвоила помодерен пристап кон кралската улога, била видлива претставничка на Мароко низ целиот свет и активно се занимавала со општествено корисна работа и хуманитарни активности.

Таа родила две деца, син и ќерка и често се среќавала со други членови на кралски семејства за време на нејзините официјални ангажмани.
Присуствувала на големи настани, вклучувајќи ја и свадбата на принцот Вилијам и принцезата Кејт во 2011 година, и често беше фотографирана со сопругот и децата.

Таа била и првата сопруга на марокански владетел на која ѝ била доделена официјалната титула „Нејзиното кралско височество принцезата Лала Салма“, бидејќи пред неа сопругите на мароканските кралеви честопати се криеле од јавноста и не се занимавале со никакви јавни работи.
Меѓутоа, во 2017 година, Лала Салма мистериозно исчезнала од јавниот живот. Ја немаше на семејни фотографии ниту на официјални настани. Како што децата растеле, кралот почнал да ги носи на одредени настани, но без својата сопруга. Ова предизвикало шпекулации и теории на заговор, а некои ја нарекле „исчезнатата принцеза“ и „принцеза-дух“.

Ниту кралот ниту кралскиот двор никогаш јавно не објасниле каде е Салма, ниту ги потврдиле конкретните причини за нејзиното повлекување. Сепак, медиумски извештаите сугерираат дека дошло до развод.
Шпанското списание „Hola!“ објави повикувајќи се на анонимни извори, дека разводот е склучен и дека кралот го задржал старателството над децата. Подоцна, италијанските и шпанските медиуми објавија дека Лала Салма наводно поднела барање за развод.

И покрај тајноста, се тврди дека Салма одржува блиска врска со децата и дека останала во Мароко. Медиумите известуваат дека била видена надвор од замокот, а папараците ја снимале додека била со синот и ќерката.
Мароканските медиуми ретко известуваат за нејзиното отсуство, а кралскиот двор никогаш официјално не го потврдил разводот, иако гласините постојат со години.
Проверени факти и дополнителни занимливости
Лала Салма официјално беше сопруга на мароканскиот крал од 2002 година до околу март 2018 година. Медиумите известуваат дека таа го имала својот последен официјален јавен настап во декември 2017 година.

Шпанските медиуми тврдат дека подоцна следел развод и дека старателството над децата му припаднало на кралот. Кралскиот двор никогаш официјално не дал детално соопштение за разводот, ниту отворено коментирал за нејзиното исчезнување.
Хуманитарна работа
Лала Салма ја основала фондацијата „Lala Salma Foundation for Cancer Prevention and Treatment“ (Фондација Лала Салма за превенција и лекување на рак). Таа беше амбасадорка на добра волја на Светската здравствена организација (СЗО) во областа на грижата за ракот.

Фондацијата, исто така, имала програма „Tobacco-Free Colleges and High Schools“ (Факултети и средни училишта без тутун) за превенција од рак.
Неодамнешно појавување
Според медиумските извештаи, Лала Салма се појавила во јавноста во септември 2025 година во Универзитетската болница „Хасан II“ во Фез, што е една од ретките јавни активности по долго отсуство. Според тој извештај, нејзиното враќање е поврзано со хуманитарен ангажман, што е во согласност со нејзината претходна работа во областа на здравствената заштита.
Меѓутоа според снимки објавени на социјалните мрежи пред една недела Лала Салма во придружба на својата ќерка се појавила во Фез, каде заедно го посетиле стариот дел од градот.
Каде живее денес?
По разводот, извештаите наведуваат дека таа повеќе не живее во официјалната кралска палата (Дар ес Салам), туку на друго место во Рабат, а во мај го прославила својот 47 роденден.









