Новак Ѓоковиќ прави шоу каде и да се појави.
Па така, во Грција уживал со познатиот тамошен пејач, Константинос Аргирос. Пејачот го поканил да му се придружи на сцената, а српскиот ас го испочитувал.
Му се приближил, се прегрнале, а потоа танцувале и пееле. Во еден момент почнало и познатото грчко сиртаки, а Новак покажал дека и тоа умее да игра. Од друга страна насобраните гости воодушевено го снимале шоуто на Србинот.
Инаку Новак ја завршил тениската сезона и сега се одмара и ужива со своите најблиски, користејќи го времето за работи што немаат никаква врска со тенисот и тренингот. Неодамна присуствувал на кошаркарскиот натпревар на Црвена Звезда, а ужива и во други настани.
Јелена, танцувај со мене
За време на вечерта во Грција, забележан е и емотивен момент помеѓу Новак и Јелена Ѓоковиќ.
Имено среде танцувањето со Константинос, Новак ја здогледал сопругата и ја повикал да танцува со него. Јелена, како што се очекуваше, ја прифатила поканата и му се придружила, правејќи ја ноќта во Грција уште понезаборавна.









