„Бејби шарк“ – како едно кратко видео на Јутјуб создаде бизнис вреден 400 милиони долари: „А, не очекувавме ни плата...“

Супермен

19/11/2025

13:37

456

Големина на фонт

а а а

Кога Ким Мин-сок во јуни 2016 година го објавил 90 секунди долгото видео со детската песничка, немал поим што ќе иницира со тоа.

Глобалниот феномен „Бејби шарк“ сега е прегледан над 16 милијарди пати и е најгледаното видео во историјата на Јутјуб.

Не само што ги маѓепсала децата и ги „тероризирала“ возрасните ширум светот, туку оваа песна ги поставила темелите нејзиниот творец „Пинкфонг“ - да стане медиумска компанија вредна стотици милиони долари.

„Не очекувавме да се издвои од нашите други содржини. Но, кога ќе погледнеме наназад, тоа беше голем пресврт којшто ја постави сцената за нашето глобално патување“, изјавил Ким, извршен директор на „Пинкфонг“ за „Би-би-си“ од седиштето на фирмата во Сеул.

„Пинкфонг“ вчера излегла и на јужнокорејскиот пазар на акции, каде акциите на компанијата се зголемиле за повеќе од девет отсто во првиот ден од тргувањето, давајќи ѝ на компанијата вредност од 400 милиони долари.

„Не очекувавме ни плата“

Компанијата основана во 2010 година како „СмартСтади“ правела дигитални содржини за деца до 12 години. Имала само тројца вработени, вклучувајќи го и господинот Ким и технолошкиот директор на фирмата Донгу Сон.


„Канцеларијата беше малечка. Беше толку малечка што не очекувавме ниту плата во тоа време“, се присетил Ким, покажувајќи на салата за состаноци од која говорел.

„Пинкфонг“ поминала низ неколку големи промени, вклучувајќи и пренасочување на фокусот на тодлери.

Фирмата се зголемила за околу 100 вработени и почнале да даваат приоритет на едноставните, едукативни игри и содржини.

„И, тогаш се појави Бејби шарк“, изјавил Ким.

Компанијата од 2022 година официјално се вика „Пинкфонг Компани“, по веселата и љубопитна лисица која се појавила во еден од нивните претходни цртани.

Сега брои околу 340 вработени, со канцеларии во Токио, Шангај и Лос Анџелес.


Момент „Бејби шарк“

Се верува дека „Бејби шарк“ настанал во САД во 70-тите години и често им се пеела на децата во летните кампови.

Песната која ја повторува фразата „Бејби шарк ду, ду, ду, ду, ду, ду“ е привлечна за децата иако веројатно е иритантна за возрасните, а со тоа се согласува и медиумскиот аналитичар Кевин Чу са Нануанг од технолошкиот Универзитет.

Ким исто така е свесен колку песната е заразна:

„Тоа е како К-поп песна. Многу е брза, ритмична и заразна“, изјавил тој додавајќи дека мелодијата има скандирачки ефект којшто ја прави лесна за паметење кај децата.

Но, песната моментално станала хит, а вистински замав добила кога нејзиниот танц бил прикажуван на детски настани во југоисточна Азија.


Видеата од деца и возрасни кои танцуваат на песната почнале да се шират на интернет и така видеото станало вирално.

„Во канцеларијата на компанијата владееше фестивалска атмосфера, додека тимот гледаше како бројот на прегледи вртоглаво расте“, изјавил Ким.

Во ноември 2020 година видеото со „Бејби шарк“ стана најгледано на Јутјуб.