Секоја компанија би била погодена доколку „балонот на вештачката интелигенција пукне“, изјавил Сундар Пичаи, шеф на матичната фирма на „Google“ – „Alphabet“.
Говорејќи ексклузивно за „BBC News“, Сундар Пичаи изјавил дека иако вложувањата во вештачката интелигенција (AI) било „неверојатен момент“, сепак постои одредена „ирационалност“ во моментот на цветање на вештачката интелигенција.

Ова доаѓа среде стравот во Сицилиумската долина и пошироко од „балонот“ затоа што вредноста на компаниите за вештачката интелигенција се зголемила последните месеци, а компаниите вложуваат во значајни средства во растечката индустрија.
На прашањето дали „Google“ би бил имун на влијанието на „пукање на балонот“ на вештачката интелигенција, Пичаи изјавил дека технолошкиот гигант може да го надмине тоа потенцијално невреме, но исто така издал предупредување.
„Не мислам дека било која компанија ќе биде имуна, вклучувајќи нѐ и нас“, изјавил тој.
Акциите на компанијата „Alphabet“ се зголемиле двојно за седум месеци на 3,5 билиони долари затоа што пазаот пораснал во довербата за способноста на гигантот за пребарување, а воедно може да ја одбрани заканата од компанијата „Open AI“.

Посебен фокус е ставен на развојот на специјализираните суперчипови за вештачка интелигенција на компанијата „Alphabet“ која се натпреварува со компанијата „Nvidia“ која ја предводи Џенсен Хуанг, а која неодамна ја достигнала првата светска процена на вредноста од пет билиони долари.





