Играчот кој беше нерешлива енигма за нашиот тим: Излеговме на теренот со цел да ја казниме Македонија

Дерби

19/11/2025

11:25

302

Големина на фонт

а а а

Македонија го имаше убедливо најлошото издание во квалификациите за Светско првенство и тоа се случи на најважниот натпревар кој го игравме во Кардиф, гостување од кое нашиот национален тим се враќа со тежок пораз со резултат 7:1.

Велс дури седум пати ја тресеше мрежата на Столе Димитриевски и со доминантно издание го осигура второто место во нашата група, што впрочем на островјаните им осигура подобра позиција во баражот за Светско првенство.

Ако треба да се издвои еден фудбалер од вчерашната средба, тоа дефинитивно е Хари Вилсон, фудбалерот кој беше назначен за капитен во отсуство на суспендираниот Итан Ампаду.

Вилсон постигна три погодоци и изнуди еден пенал во победата од 7:1, па без никаков сомнеж беше играч на мечот во Кардиф.

– Сакавме да покажеме за каков добар тим станува збор од самиот старт и успеавме во тоа. Тимот беше разочаран откако победивме со само еден гол разлика на гостувањето кај Лихтенштајн. Таму доминиравме и требаше да постигнеме неколку гола.

– Овојпат бевме решени да излеме на теренот и да им покажеме на луѓето дека покрај поседот, можеме и да го казниме ривалот, што всушност и го направивме против Македонија. За мене лично е неверојатно чувството што постигнав хет-трик, но среќен сум и за другите момци кои се запишаа во листата на стрелците, – изјави Вилсон.

За Велс ова беше најголема победа од далечната 1978-ма година, додека Вилсон со вчерашниот хет-трик дојде од бројката од 18 погодоци во националниот тим.