Рeпрезентативната пауза донесе лоши вести за Арсенал. Габриел Магаљаеш, стопер кој е еден од клучните играчи на актуелниот лидер во Премиер лигата, се повреди на натпреварот со Сенегал, кој Бразил го доби со 2:0.
„Габриел го повреди бутниот мускул и првите информации укажуваат дека би можел да отсуствува од четири до осум недеали“, објавува новинарот Дејвид Орнштајн.
Габриел ќе направи дополнителни тестови кои уште подобро ќе покажат за каква повреда станува збор и колку време ќе трае закрепнувањето, но ова би можело да биде тежок удар за Арсенал.
Покрај неговиот одличен дефанзивен придонес, Габриел има и два гола и три асистенции во 17 настапи оваа сезона.
Заедно со него, дефанзивците на Арсенал, Јуриен Тимбер и Рикардо Калафиори, исто така имаа проблеми со повреди во текот на овој репрезентативен циклус, но се чини дека нивните повреди не сериозни.
Габриел е во Арсенал од 2020 година и стана еден од најдобрите играчи во тимот на Микел Артета. Во Арсенал пристигна од Лил за сума од 26 милиони евра






