Легендарниот Дин ја поддржува теоријата на заговор на Руни за првата премиерлигашка титула на Сити

Дерби

18/11/2025

12:50

292

Големина на фонт

а а а

Мајк Дин ќе остане запаметен како еден од најдобрите англиски судии во поновата историја, а негова беше честа и да го суди натпреварот кој му ја донесе првата премиерлигашка титула на Манчестер Сити.

Сезоната 2011/12 имаше најлуда можна завршница и Сити со гол во самата завршница успеа да стигне до трофејот пред лутиот ривал Манчестер Јунајтед, па иако поминаа повеќе од 13 години од попладнето во кое Кун Агуеро беше вистински херој за „граѓаните“, и ден денеска се уште надвиснуваат доста теории на заговор околу споменатиот меч на „Итихад“.

Манчестер Сити губеше со 1:2 во судиското продолжение, но головите на Џеко и Агуеро донесоа чудесен пресврт на теренот, нешто што своевремено предизвикува лавина од реакции во јавноста, особено од Вејн Руни.

Легендарниот голгетер на Јунајтед во повеќе наврати има посочено дека играчите на КПР намерно му дозволиле на Сити да напаѓа и да постигне трет гол, а во оваа теорија на заговор се повеќе верува и Мајк Дин кој беше главен судија.

– Сите даде гол за 2:2, а играчите на КПР решија брзо да изведат и веднаш ја шутнаа топката и им ја доделија на противниците. Се прашувавме „што ли се случува, зошто им ја враќаат топката во нивна посед“? Го кажав тоа во комуникацијата која ја имав со помошниците.

– Четвртиот судија ми препорача да останам „вклучен и концентриран“, чувствуваше дека ќе се случи нешто до крајот. Сите знаевме дека ќе се случи нешто до крајот, едноставно изгледаше дека ќе се случи тоа што се случи, – вели Мајк Дин.

– За мене беше чудна и друга ситуација. Кога КПР дозна дека се сигурни во битката за опстанок, Џејми Маки почна да се радува на теренот додека натпреварот беше во тек, – открива Дин кој со оваа изјава брзо стана доста популарен на Островот.