Елсворт Верхам бил кардиохирург којшто бил познат по тоа што се залагал за здрава исхрана врз основа на растенија.
Овој доктор имал 95 години кога се пензионирал, а до тогаш активно оперирал луѓе. Кога заминал во пензија, тврдел дека тоа не било поради старост или немоќ туку тоа што морал „да им го отстапи местото на младите“.
Во текот на децениската работа на кардиохирургија, д-р Верхам видел многу работи.
„Артериите на месојадите како да се цементирани со маснотии. Но, оние кои јадат растенија имаат почисти, пофлексибилни крвни садови. Како да се млади“, им раскажал тој на студентите.

Докторот сам се откажал од месо и млечни производи кога наполнил 50 години. Тоа го направил поради чиста логика затоа што видел како изгледаат и од што боледуваат луѓето кои секојдневно консумираат месо.
Подоцнежна студија потврдила дека исхраната врз основа на растенија го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и до 70 отсто. Но, Верхам не бил фанатик на тоа – едноставно јадел она што му давало енергија, а не она што го исцрпува.
„Кога луѓето јадат растенија, поголем дел од операциите на срцето не беа потребни“, изјавил тој своевремено.
Еве што јадел доктор Верхам
Појадок – овесна каша со свежо овошје и јаткасти плодови. Оваа каша подразбирала само овес, свежо овошје и јаткасти плодови без шеќер.
„Секоја лажица шеќер е мала пукнатина во вашите артерии“, тврдел овој доктор.
Ручек – леќа со цвекло и кромид.
Иако овој оброк делува сиромашно, докторот тврди дека токму оваа храна на телото му дава виталност, го подобрува крвотокот, го намалува крвниот притисок и се бори против воспаленија.
Повеќе од храна – навиките кои го продолжуваа животот.
1. Движење – секогаш.
Докторот пешачел и се качувал по скали додека не наполнил 100 години. Се смеел: „Лифтот ти ја краде младоста“, а рекол дека дури и кратки прошетки после јадење ги прават твоите крвни садови среќни.

2. Во кревет до 23 часот
Раното легнување и станување во пет наутро се клучни. Говорел дека најважните регенеративни процеси се одвиваат пред полноќ: „Легнувај порано, стареј подоцна“, велел овој доктор.
3. Вода наместо кафе
Шест чаши вода дневно. Ни минерална, ни газирана – обична. Тоа му помогнало да ја одржи чистотата на крвта и нормалниот крвен притисок. Утрата ги започнувал со топла вода со лимон, навика која денес речиси станала модерна, но тогаш делувала чудно.










