Два талентирани претставници на македонскиот пинг понг, Јован Пармачки и Матеја Смолиќ, ќе учествуваат на светски младински камп што ќе се одржи од 3 до 13 декември во Народна Република Кина. Кампот е организиран од Меѓународната пингпонгарска федерација (ITTF) и националната федерација на Кина.
Македонските пингпонгари ќе бидат предводени од селекторот Сашко Богатинов, а домаќин на подготовките ќе биде градот Ченгду, каде што ќе се соберат најперспективните играчи во категоријата до 15 години.
Од Пингпонгарската федерација на Северна Македонија потсетуваат дека овој чекор доаѓа по соработката со Амбасадата на Народна Република Кина и средбата со амбасадорката Џијанг Сјаојан, која, како што наведуваат, веќе дава први резултати.
„На Матеја и Јован им посакуваме пријатен престој во Кина и собирање на големо знаење и искуство во друштво на најперспективните пинг понгари од целиот свет,“ соопштува федерацијата







