[ВИДЕО] Босанскиот патописец ја посетил Јапонија и споделил занимливости за земјата: Знаете ли зошто не носат очила за сонце?

Точка

17/11/2025

11:46

1.059

Големина на фонт

а а а

Босанскиот авантурист Роберт Дацешин ја посетил Јапонија, а на социјалните мрежи споделил неколку занимливости за оваа земја и нејзините жители што ги издвојуваат од другите – вклучително и зошто не носат очила за сонце, но и зошто не сакаат силни мириси.

Имено, Дацешин во кратки ТикТок видеа споделил неколку интересни факти, а во едното објаснил зошто Јапонците не носат очила за сонце.

„Првата причина е што Јапонците генерално не сакаат да се истакнуваат во толпа и некако мислат дека со носење очила за сонце, повеќе луѓе ќе обрнат внимание на нив. Општо земено, ќе забележите дека мнозинството од населението овде носи црна, сива, кафеава или бела облека“, објаснил Дацешин.


Како друга причина, тој рекол: „Само јапонската мафија, популарната Јакуза, беше позната по носењето очила за сонце, а добар дел од населението едноставно не сака да се идентификува со нив. Поради овие работи, Јапонците се исто така нација која има голем број макуларни заболувања на очите. Многу луѓе страдаат од проблеми со очите и многу луѓе имаат разни видови очни болести кои се многу ретки за развиените земји“.

Босанскиот авантурист забележал уште една занимливост за време на неговата посета на Јапонија – во оваа земја речиси никаде нема мирис.


„Ќе забележите дека на кое било место во Јапонија, без разлика дали е улица или трговски центар, продавница, кафуле или некој друг објект – никаде нема мирис. Луѓето не носат парфем. Објектите не се парфимирани и генерално Јапонците се многу неутрални кога станува збор за мириси и ако постои начин да ги навредите, тоа е да ставите некој силен и опоен мирис“, раскажал Дацешин.

Тој додал дека ова е доста непожелно во Јапонија и дека треба да се земе предвид при посета на оваа земја.