Кројф: Последен танц на Меси во Барселона? Оној што одлучува за неговата иднина…

Дерби

16/11/2025

16:39

572

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси пред неколку дена го посети „Камп Ноу“, посета која дефинтивно ги стопли навивачите на Барселона особено по емотивната објава на аргентинскиот ас.

Лионел Меси пред неколку дена го посети „Камп Ноу“, посета која дефинтивно ги стопли навивачите на Барселона особено по емотивната објава на аргентинскиот ас.

Овој потег како и потоа интервјуто на Лео колку му значи Барселона донесе доста коментари, реакции, па медиумите се обидоа/обидуваат да направат и некакви приказни за евентуален камбек на напаѓачот во шпанскиот првак.

Колку е тоа реално е друга приказна, но едно такво сценарио сигурно би донело експлозија од емоции и тоа добро го знае Жорди Кројф.

-Последен танц? Не знам какви се неговите планови, па не можам да одговорам на тоа, но тој е многу посебен играч поради сè што значеше уште како дете.

-Мојот татко исто така си заминал понекогаш во подобра, а понекогаш во полоша форма, но наклонетоста со текот на времето повторно станува взаемна. Она што е јасно е дека оној што ја одлучува неговата судбина и неговата иднина, кога и како, е Лео, исто како што го правеше тоа и мојот татко, -истакна Кројф кој запрашан за тоа дали Меси сега може да и помогне на Барса, тој одговори:

-Не знам, тоа е нешто што тој мора да го одлучи. Тој е во друга лига, има Светско првенство веднаш зад аголот, и тоа ќе биде негова голема страст во моментов. Исто така, постои и прашањето за Лигата, а тој е конкурентен; тоа мора да го одлучат две страни, а јас, однадвор, немам многу што да кажам, -заврши Кројф кој за каталонците играше во младите категории, првиот тим, а потоа имаше и функција во клубот.