Чурлинов: Секој натпревар е важен кога играте за Македонија

Дерби

12/11/2025

14:16

273

Големина на фонт

а а а

Дарко Чурлинов е стандарден дел од најсилната репрезентација на Македонија, а денес доби шанса да му прави друштво на Благоја Милевски на официјалната прес-конференција пред утрешниот меч со Летонија.

Македонија ќе има загревање во вид на контролен натпревар против Летонија на Националната арена „Тодор Проески“, па во пресрет на натпреварот кој е закажан за утре од 18:00 часот, Чурлинов даде свое видување за последниот тест пред клучниот меч со Велс.

„Рисовите“ наредниот вторник го играат одлучувачкиот натпревар за второто место во групата и бараж за Светско првенство, но пред да дојде ред на тој натпревар, целта на нашиот тим е да се триумфира против Летонија.

– Среќни сме што повторно сме заедно, за нас секој натпревар е важен и сигурно дека ќе дадеме се од себе да ги оствариме нашите цели.

– Македонија оди на победа на секој натпревар, така ќе биде и против Летонија. Потоа ќе го насочиме нашиот фокус кон квалификацискиот натпревар против Велс кој секако има друга тежина, – изјави Чурлинов.

За утрешниот натпревар против Летонија, надвор од комбинација за настап поради повреди се Јани Атанасов и Висар Муслиу.