Давид Вилја беше еден од најдобрите напаѓачи во својата генерација и играчката кариера ја заврши како најдобар голгетер во историјата на шпанската репрезентација, па токму поради тоа, ужива големо внимание кога дава свое гледиште за фудбалерите кои се задолжени за давање погодоци.
Вилја освои сè што може да се освои на клупски и репрезентативен план и постигна 59 голови во црвениот дрес на „фуријата“, но посебно забележителни настапи имаше и како член на Валенсија, Барселона и Атлетико Мадрид.
Давид ги освојуваше титули во Ла Лига како член на Барса и Атлетико, а според него, во овој момент најдобар напаѓач во шпанската елита е Хулијан Алварез.
– Покрај домашните напаѓачи, добро е да се следат и странските и да им се оддаде признание за тоа што го прават.
– Мене лично многу ми се допаѓа Хулијан Алварез. Сметам дека тој е најдобар напаѓач во Ла Лига и комплетен напаѓач, – потенцира Вилја, оставајќи ги во втор план Килијан Мбапе и Роберт Левандовски.







