Ханси Флик направи низа изненадувања и на клупа остави играчи како Педри, Олмо, Гордон, Кунде, Кансело и Кубарси, но дури и во такви услови, Барселона покажа дека поседува премногу добри ресурси за да оствари посакуван резултат на стартот на новата сезона во Ла Лига.
Без да дава ниту приближно од максимумот кој го поседува, Барса постигна два гола на гостувањето кај Елче преку Рафиња и Адејеми, а за овој вториот ова беше дебитантски гол во Ла Лига како нов член на каталонскиот гигант.
Двата погодоци во првиот дел им го дадоа потребниот мир на гостите, кои во продолжение заиграа уште подобро по влегувањето во игра на Педри и Гордон, па на крајот разликата во квалитет беше уште поевидентна.
Гордон подели две асистенции непосредно по влегувањето во игра и ги даруваше Рафиња и Фермин, а овој вториот постигна уште еден за конечни 0:5 на гостувањето на „Мартинез Валеро“.
Барса на овој начин потврди дека ќе биде голем фаворит за титулата и оваа сезона, а уверливите 0:5 се еден вид предупредување и за сите наредни ривали кои следат во шпанската елита.







