Се урна воен авион на НАТО: Се појави снимка од падот, се трага по преживеани

Точка

11/11/2025

15:42

976

Големина на фонт

а а а

Турски воен транспортен авион од типот „C-130“, кој е дел од составот на НАТО, се урна на границата меѓу Грузија и Азербејџан.

Турското Министерство за одбрана потврди дека авионот полетал од Азербејџан и бил на пат кон Турција, но засега не е познато колку членови на екипажот се наоѓале во леталото. Во соопштение објавено на платформата „X“ се наведува дека започнати се акции за потрага и спасување во координација со грузиските власти, додека причините за несреќата и можните жртви сè уште не се познати.

Очевидци изјавиле дека леталото се распаднало во воздух, а делови од авионот паднале во околината. Според турски извори, авионот се урнал во регионот Рустави, околу 160 километри од руската граница. Руски про-воен канал на социјалните мрежи тврдел дека авионот „најверојатно се распаднал поради внатрешна експлозија“, но таа информација не е потврдена, пренесе „Daily Mail“.

Истражната постапка е во тек

Грузиските власти отворија кривична истрага, а Министерството за внатрешни работи најави дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите нови сознанија. Турското Министерство за одбрана повтори дека спасувачките тимови се на терен и делуваат во координација со грузиските служби.

Воениот аналитичар реагираше на загрижувачките извештаи од Европа, наведувајќи дека „оваа ситуација претставува реална закана“.

Да потсетиме, Турција неодамна потпиша договор со Обединетото Кралство за набавка на дванаесет користени транспортни авиони „C-130 J“, а со Азербејџан одржува тесна воена соработка.