Фудбалер на Бенфика под закана од затворска казна поради споделување експлицитно видео

Дерби

09/11/2025

14:56

170

Големина на фонт

а а а

Норвешкиот фудбалер Андреас Шјелдеруп се најде во незавидна ситуација, откако данското обвинителство официјално побара одговорност од него за нелегално споделување на експлицитно видео.

Актуелниот член на Бенфика го сторил делото кое го признал на 19-годишна возраст и тоа додека бил член на данскиот прволигаш Нордсјеланд, па сега ќе мора да се појави пред судот и да го објасни својот потег.

Данските медиуми велат дека според обвинението, Шјелдеруп може да добие затворска казна до една година, иако шансите за такво нешто се мали.

Самиот фудбалер им се обрати на фановите преку социјалните мрежи и уште еднаш се извини за потегот кој сега му создаде и проблеми со законот.

– Сакам отворено да зборувам за една глупава грешка што ја направив пред две години. Имав 19 години во тоа време и сега морам да се соочам со последиците. Преземам целосна одговорност за оваа акција, но важно е да дадам и контекст.

– Живеев во Данска. Добив кратко видео и го испратив на пријател неколку секунди подоцна, без размислување. Секогаш си испраќавме мемиња еден на друг, како што прават многу тинејџери. Но, ова конкретно видео беше различно. Ги видов само првите неколку секунди, а не и она што следеше. Откако го изгледав, мојот пријател ме потсети дека е нелегално да се испраќа таков вид содржина и веднаш го избришав.

– Во тоа време, за жал, не бев свесен за правните последици од споделувањето. Тоа беше глупава грешка за која длабоко жалам. Кога данската полиција ме контактираше оваа година, ја кажав целата вистина и целосно соработував во текот на целиот процес. Сакам да им се извинам на сите вклучени во овие видеа. Исто така, им се извинувам на моите пријатели, семејство, клуб, земја и навивачи, кои ги разочарав, вели Шјелдеруп.