[ВИДЕО] Јапонија и Мексико испратија моќна порака со вирално видео од У-17 мундијалот

Дерби

09/11/2025

14:16

144

Големина на фонт

а а а

Актуелното светско фудбалско првенство за играчи до 17 години донесе една уникатна сцена која експресно стана вирална меѓу фудбалските фанови.

Репрезентациите на Јапонија и Мексико се сместени во ист хотел во Катар, па откако Мексиканците пред два дена срдечно ја испратила јапонската репрезентација на стадионот на кој играле натпревар, Јапонците возвратиле во свој препознатлив стил.

Мексиканците во петокот ја остварија првата победа и тоа против Брегот на Слоновата Коска, а кога се вратиле во хотелот ги чекало пријатно изненадување.

Јапонците ги дочекале со шпалир на влезот во хотелот, честитајќи им го успехот на У-17 мундијалот, а видеото од овој момент очекувано донесе многу комплименти за азиската репрезентација и менталитетот на Јапонците.