[ФОТО] Менаџерот на Сандерленд откри дека неговиот тим користел бизарна тактика за прекин-специјалитетите на Арсенал

Дерби

09/11/2025

09:48

223

Големина на фонт

а а а

Арсенал испушти бодови во Премиер лигата после подолго време и одигра само 2:2 против Сандерленд на „Стадионот на светлината“, и тоа на натпревар на кој прими гол во самата завршница.

Упорните домаќини стигнаа до голема награда во судиското продолжение и се вратија во игра откако Арсенал претходно направи пресврт, тим кој вчера не успеа да профитира од своето најсилно оружје оваа сезона.

„Топчиите“ постигнаа два погодоци од игра преку Сака и Тросар, а бидејќи „црните мачки“ навистина добро ги неутрализираа сите прекини, аути и корнери, новинарите од Англија забележаа и нешто што посебно се најде во центарот на вниманието.

Имено, Сандерленд како домаќин реши да ги доближи рекламните паноа поблиску до теренот со цел да ја неутрализира совршеноста на Арсенал од прекини, а тоа го потврди и менаџерот Режис Ле Бри.

– Точно е, се обидуваме да пронајдеме било какви детали за да го добиеме овој меч, знаејќи дека Арсенал е многу силен од прекин играта. Бевме добри во сите елементи.

– Очигледно беше дека нивно најголемо оружје се прекините, знаевме дека тоа може да биде пресуден елемент, а на крајот успеавме добро да ја избалансираме таа закана, – изјави Ле Бри.