Стадионот на Рајо Валјекано е еден од најмалите и најспецифичните во фудбалска Шпанија, а во ситуација кога едвај ги исполнува УЕФА протоколите за да организира натпревари во Европа, соблекувалната на „Валјекас“ сега се најде во центарот на вниманието поради специјална репортажа на Лех Познањ.
Полскиот тим вечерва ќе гостува во мадридското предградие во натпревар кој е дел од програмата во Конференциската лига, но пред да дојде време за фудбал, посебно вирално стана видеото од соблекувалната на „Валјекас“.
Претставник на Лех Познањ се обиде да долови на што наиле во скромната и мала гостинска соблекувална во шпанската престолнина, а откри како изгледа и клучот кој им бил доверен од домаќините.
– Соблекувалната ја чува овој човек кој го има на приврзокот на клучот, – вели претставникот на Лех, кој во продолжение ги открива и другите недостатоци за највисоко ниво.
Полјакот открива дека нема светло во просторијата наменета за физиотерапија, дека им биле оставени сет закачалки од кои дел се искршени, како и пешкири кои се во различна боја и од различен модел.
This is the away dressing room at @RayoVallecano
— La Liga & Beyond (@laligaandbeyond) November 5, 2025
It's giving off strong council leisure centre changing room vibes.
Again shows just how much this Rayo team is achieving with so much against it off the pitch pic.twitter.com/Yx1InxGIyD







