Милевски: Жалам за Алиоски, но ова е шанса за другите

Дерби

06/11/2025

13:07

396

Големина на фонт

а а а

Благоја Милевски селектираше за двата натпревари со Летонија и Велс во месец ноември, со тоа што главниот фокус секако е ставен на квалификацискиот меч кој го играме на 18-ти ноември, оној во Кардиф во кое влог е пласман во бараж за Светско првенство.

Селекторот повика 28 фудбалери за овој ноемвриски прозорец, а сосема очекувано, во националниот тим нема промени и големи изненадувања, особено не после фантастичните резултати кои траат веќе втора година.

– Списокот е речиси идентичен со претходниот, со дополнување на Димоски, Трапановски и Ќамили, кои не беа со нас во октомври. Се надевам сите ќе останат здрави и подготвени за повикот во понеделник. Ни претстојат контролен меч со Летонија и последниот квалификациски натпревар против Велс, добра можност за мини подготовки пред важниот предизвик.

– Немав забелешки по дуелот со Казахстан, сите одиграа на високо ниво. Промените во текот на мечот беа тактички, во функција на тимот. Мечот со Летонија ќе го искористиме за да им дадеме шанса на играчи со помала минутажа и да пробаме одредени идеи, секако, важен е и за ФИФА ранкингот и идната ждрепка.

– Без разлика на тоа што мал дел од фудбалерите имаат континуирана минутажа во клубовите, секогаш даваат максимум во дресот на Македонија. За мене тие се феномени. Да играш на вакво ниво без ритам е за почит. Секој си го заслужил местото во репрезентацијата. Жал ми е што ќе недостига Алиоски, тој е важен за нас, но ова е шанса за другите да се наметнат. Против Велс одиме со ист пристап, без калкулации, со желба за победа и докажување дека Македонија со право е меѓу најконкурентните во баражот за Мундијал, – изјави селекторот Милевски.

Контролката со Летонија ја играме на 13-ти ноември, три дена претходно ќе биде првито собир, а клучниот меч во Кардиф е на програмата на 18-ти овој месец.