Милевски ги избра фудбалерите за клучниот натпревар со Велс: Без Алиоски, но со тројца повратници во репрезентацијата

Дерби

06/11/2025

12:36

303

Големина на фонт

а а а

Фудбалската репрезентација на Македонија полека се насочува кон она за кое чекаше во изминатиот месец, а тоа е клучниот натпревар со Велс кој го играме на гостински терен во Кардиф.

Во ситуација кога во игра е бараж за пласман на Светско првенство, јасно е дека сите расположливи сили ќе се вложат кон остварување на таква цел, но за жал, во месец ноември нашиот селектор нема да може да смета на сигурен стартер.

Џани Алиоски поради повреда ќе го пропушти најважниот натпревар во овие квалификации, но затоа селекторот Милевски добива три засилувања во играчи кои не беа достапни во месец октомври.

Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски се повратници во репрезентацијата, а добра вест е и тоа што достапен за настап е и Висар Муслиу кој заработи повреда на натпреварот против Белгија во Гент.

Натпреварот против Велс е на програмата на 18-ти овој месец, а претходно ќе одиграме контролка против Летонија.

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија);

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Бојан Димоски (ТСЦ Бачка Топола, Србија), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија);

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија), Давид Бабунски (Вардар);

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Елмин Растодер (Тун, Швајцарија), Кристијан Трапановски (Данди Јунајтед, Шкотска), Лирим Ќамили (Сондерјиске, Данска).