Ханси Флик нема да ја менува тактиката која се почесто изгледа самоубиствена: Не сум таков тип на тренер!

Дерби

06/11/2025

11:20

142

Големина на фонт

а а а

Барселона изгледа исклучително порозно во одбрана од стартот на сезоната и има огромна разлика во бројките од шампионската кампања, а тоа дојде до израз и на вчерашното гостување во Белгија каде каталонците примија три гола од Клуб Бриж.

Високо поставената одбрана изгледаше речиси соврешено со Ињиго Мартинез минатата сезона и Барселона профитираше со таквиот стил на игра, но оваа тактичка варијанта на Ханси Флик изгледа се повеќе самоубиствено во последно време, нешто за што доказ е и вчерашниот натпревар.

Со директен и брз фудбал, Клуб Бриж ја вадеше од игра цела одбрана на Барселона со две или три додавања, а бидејќи дел од новинарите веќе притискаат за промена на овој систем од тренерот, Ханси Флик даде категоричен одговор на пресот кој го одржа по ремито (3:3).

– Ние сме Барселона и сакаме да играме наш препознатлив фудбал. Може да зборуваме за промена на цел систем, но јас не сум таков тип на тренер нема да отстапам од филозофијата. Никогаш нема да го гледате мојот тим како се брани и како игра на контри за да победи 1:0, тоа едноставно не сум јас.

– Не е проблем само во дефанзивната четворка, имаме проблеми и со поставеноста во средниот ред. Минатата сезона ги фаќавме противниците во офсајд по метар или два, а сега треба да работиме на подобрување во овој елемент. Знаеме дека не сме во најдобра форма, но веруваме дека ќе изгледаме далеку подобро кога ќе се вратат Рафиња, Гарсија и Педри, – изјави Флик.