Арсен Венгер е стандарден ден од ноќите во Лигата на шампиони како стручен аналитичар за „БеИН Спортс“, а во рунда кога гледавме две големи дерби пресметки во Европа, Французинот не пропушти да ја коментира кризата низ која мина актуелниот англиски шампион.
Ливерпул успеа да се опорави со две победи во период од неколку дена, но и покрај двете одлични изданија против Астон Вила и Реал Мадрид, Венгер смета дека овој тим на Слот се уште не е избалансиран, особено онаму кадешто беше неверојатно добар минатата сезона.
Францускиот стручњак смета дека Ливерпул изгубил рамнотежа во средниот ред, и тоа поради фактот што Слот инсистираше на ангажман на Флоријан Вирц.
– Кога Вирц се мислеше дали да оди во Баерн или Ливерпул, го избра англискиот тим бидејќи доби збор дека ќе игра како „десетка“. Флоријан не сака да игра на крило, но сега мора да се привикне на такво нешто. Против Реал играше како крило, а против Астон Вила Ливерпул играше без него и се врати на стандардите од минатата сезона.
– Ливерпул го имаше стандардниот среден ред против Астон Вила. Собослаи, Гравенберх и Мек Алистер, еден мораше да отпадне за да игра Вирц, а Ливерпул со тој потег си ја уништи стандардната постава во средниот ред. Сметам дека Слот го увиде проблемот и дека Вирц сега ќе игра на страна и покрај тоа што бараше нешто друго, – изјави Венгер.







