Скандалот што го потресе Монако: Поранешниот сопруг на принцезата Стефани молчел за сè 30 години

Точка

04/11/2025

16:08

2.038

Големина на фонт

а а а

Речиси три децении откако светот дозна за аферата поради која беше завршен неговиот брак со принцезата Стефани од Монако, Даниел Дукруе (60) конечно реши да ја раскаже неговата страна од приказната.

Во интервју за италијанската емисија „Ла Волта Буона“, тој откри дека, како што тврди, бил жртва на измама и манипулација, и дека скандалозните фотографии од 1996 година, кои потоа го шокираа Монако и целиот свет, биле резултат на „внимателно испланирана стапица“.

Приказната за принцезата Стефани од Монако и Даниел Дукруе беше како филмска романса. Се запознале во 1991 година, кога Дукруе, поранешен полицаец, бил задолжен за безбедноста на принцезата. Професионалната блискост набрзо се претворила во љубов, и веќе во 1992 година го добија синот Луис, додека две години подоцна се роди нивната ќерка Полин.


Се венчаа на 1 јули 1995 година, но бракот не траеше долго. Само една година подоцна, во август 1996 година, папарацо фотографиите од Дукруе со белгиската стриптизерка Фили Хутеман, направени во вила во Вилфранш-сур-Мер, станаа вирални. Фотографиите предизвикаа медиумска бура и шок во Монако, а принцезата Стефани набрзо поднела барање за развод и нивниот брак заврши на 4 октомври 1996 година.

Денес, речиси 30 години подоцна, Дукруе тврди дека оваа приказна не била онаква каква што ја прикажувала светската јавност во тоа време.

„Бев жртва на стапица“, изјави тој во емисијата „La Volta Buona“ на италијанската водителка Катерина Баливо, објави „Vanity Fair Italia“.


„Бев наклеветен и дрогиран, а сè беше испланирано за да ме компромитираат. Едно момче од мојот тим за автомобилски трки ме замоли да ѝ помогнам на неговата девојка, која ја испрати на југот на Франција. Ја посетив во вилата, но од претпазливост доведов пријател.“

Како што тврди, она што изгледало како безопасна средба набрзо се претворило во внимателно оркестрирана ситуација.


„Кога пристигнавме, девојката и нејзината пријателка беа покрај базенот. Ни понудија вино, во кое, како што подоцна сфатив, биле додадени некои супстанции. Папарацото веќе беше подготвен – и се случи она што се случи. Не бев при себе на фотографиите“, рече Дукрует.