Синнер го освои Париз и се врати на првото место

Макфакс

02/11/2025

17:59

227

Големина на фонт

а а а

За прв пат во својата кариера, италијанскиот тенисер Јаник Синер славеше на Мастерсот во Париз.

Во големото финале, Синер беше подобар од Феликс Оже-Алијасим со 6:4, 7:6 (4).

Со овој триумф, Синер се врати на првото место на АТП листата и од понеделник ќе има предност од 250 поени пред Карлос Алкараз пред Финалниот Мастерс во Торино, кој започнува на 9 ноември.

Италијанецот го започна мечот фуриозно, со експресен брејк во првиот гем. Овој брејк одреди во кој правец ќе се движи сетот.

Имаше Синер шанси за брејк во петтиот и седмиот гем, од вториот сет, но Канаѓанецот успеа да се одбрани.

Синер не му дозволи ниту една шанса за брејк на 10-от тенисер во светот.

Во тај-брејкот, еден мини брејк беше доволен, Синер го направи во шестиот поен.

Јаник поведе против Феликс и во меѓусебните средби, по третиот последователен триумф сега е 3-2.