Интер Мајами ќе мора да игра трет натпревар во серијата со Нешвил, во обидот да избори место во следната рунда на МЛС плејофот.
По триумфот на домашен терен, избраниците на Хавиер Маскерано загубија на гостувањето, на кое домаќините до крајот на полувремето имаа водство од 2:0.
LEO MESSI. WHAT A GOAL. 🐐 pic.twitter.com/IigY62tj3v
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) November 2, 2025
Нешвил во голем дел од средбата го неутрализираше и Лионел Меси, иако не спречи негов гол во завршницата од средбата.
Аргентинецот погоди атрактивно, но не можеше да спречи пораз, кој значи дека двете екипи ќе играат мајсторка на Флорида. Интер Мајами минатата сезона не го помина првото коло на плејофот, па сега се зголемува притисокот пред решавачкиот натпревар на кој посакува да избегне исто сценарио.







