Реал Мадрид рутински ја совлада Валенсија и продолжи со добрата серија на резултати, но Чаби Алонсо нема многу време за анализа и одмор, бидејќи веќе од утре треба да го подготвува тимот за нов предизвик во Лигата на шампиони.
Шпанскиот стручњак во вторник го чека специјално враќање на „Енфилд Роуд“, но овојпат како противнички тренер кој ќе се обиде да го води својот тим до нова важна и гостинска победа во најелитното европско натпреварување.
Дерби пресметката во Европа се игра за два дена, а Чаби најави дека неговиот тим нема да има стандарден ритуал и дека ќе го прескокне традиционалниот тренинг на „Енфилд“.
– Точно е тоа што го кажавте, нема да имаме тренинг на „Енфилд“. Одлуката е моја и стојам зад неа. Ќе се подготвуваме за натпреварот и ќе одработиме тренинг во нашиот спортси центар пред да тргнеме, така нема да може да бидеме снимани и следени од 200 камери, – изјави Чаби Алонсо.
Големото европско дерби се игра во вторник во ударниот вечерен термин од 21:00 часот.







