Влаховиќ со опомена за соиграчите од Јувентус: Треба да се ослободиме од една лоша навика

Дерби

02/11/2025

13:27

296

Големина на фонт

а а а

Јувентус вчера победи на денот на кој го прославуваше својот 128. роденден, а триумфот против Кремонезе имаше посебно значење и поради дебито на новиот тренер Лучијано Спалети.

Гостите од Торино имаа два гола позитива, но во дел од средбата повторно играа подефанзивно, а на крајот трепереа за трите бода бидејќи Варди ја врати неизвесноста со гол во финишот.

Тренерот Спалети истакнал дека неговиот тим треба да коригира уште многу сегменти од играта, а Душан Влаховиќ потенцирал дека мора да се менуваат некои лоши навики.

– Не би рекол дека имавме погрешен приод, но се работи за лоши стари навики од кои треба да се ослободиме.

– Без потреба се повлекуваме, па иако Кремонезе заслужува честитки за својот настап, ние бевме тие кои престанавме да играме пресинг и им ја препуштивме топката.

– Имавме можност порано да го решиме победникот и да го затвориме натпреварот, а наместо тоа дозволивме поинаква завршница, – рекол Влаховиќ.