Минатиот викенд, Мохамед Салах ја прекина серијата без голови што траеше повеќе од еден месец. Беше стрелец во поразот од Брентфорд.
Кризата на формата се совпаѓа со лошите резултати на целиот тим. „Црвените“ беа елиминирани од Лига купот од Кристал Палас во средата.
Емил Хески, поранешен напаѓач на Ливерпул, се осврна на формата на Салах.
„Да, тој не е во форма, но има одреден пад што е неизбежен како што стареете. Секој во триесеттите години почнува да покажува мал пад. Нема да биде огромен, бидејќи тој е голем професионалец и многу добро се грижи за себе. Не мислам дека ова е нешто ново. Не е ненадејно, се случува веќе две или три сезони“, рече поранешниот англиски репрезентативец и додаде:
„Имаше натпревари во кои тој претежно не играше добро, но успеваше да постигне гол, а ние го игнориравме остатокот од натпреварот. Без разлика дали беа еден или два гола, гол од пенал или лесен гол на крајот од натпреварот. Кога ќе постигнеше гол заборававме дека играта не му беше на ниво. Сега сме во ситуација каде што во последниот период не постигна голови ниту прави разлика на теренот. Сега покажуваме со прст кон него, а тоа не е нов феномен“, рече Хески.





