Никола Јокиќ не успеа да влезе во историјата на НБА лигата, како играч со пет трипл-дабл натпревари во првите пет дуели од стартот на сезоната. Денвер загуби во Портланд 109:107, а на српскиот центар асистенција му недостигаше за трипл-дабл. Лука Дончиќ со 44 поени ги предводеше Лејкерси до победата во Мемфис (117:112), а Чикаго Булс го бележат најдобриот старт во сезоната во последните 30 години.
Лука Дончиќ одигра маестрално во Мемфис, забележа дабл-дабл со 44 поени и 12 скока, а на сето тоа додаде и шест асистенции.
Лејкерси го отворија натпреварот подобро и по првата четвртина стигнаа до +4 (31:27). Сепак, следеше одлична четвртина на Гризлис (42:24) и голем +14 на полувреме.
Тимот од Лос Анџелес одигра многу подобро во третата четвртина, го стопи двоцифрениот дефицит, а во четвртата четвртина оствари пресврт и победа.
Денвер во контроверзна завршница загубија од Портланд. На шест секунди до крајот на мечот наместо очигледен фаул над Јокиќ сидууте досудија мртва топка. Потоа Гордон беше трагичар, го фаулираше Грент кој на 1,4 секунди до крајот од линијата за слободни фрлања ги постави конечните 109:107.
Јокиќ мечот го заврши со 21 поен, 14 скокови и девет асистенции. Ова е негов прв натпревар од почетокот на сезоната на кој не оставери трипл-дабл.
Чикаго Булс славеа во дуелот со Њујорк Никс 135:125. Булс се први на Истокот со пет победи во истотолку натпревари. Ваков старт немале од 1996 година. Џош Гиди со 32 поени, 10 скока и девет асосиенции, односно Никола Вучевиќ со 26 поени и седум скока ги предводеа до победата. Кај Никс се истакна Џелјлен Брансон со 29 поени.





