Џенова го отпушти Виера

Макфакс

01/11/2025

13:25

266

Големина на фонт

а а а

Поранешниот француски репрезентативец Патрик Виера повеќе не е тренер на Џенова, објави во саботата клубот кој моментално е последен во Серија А.

Од почетокот на новата сезона, Џенова освои само три бода во три нерешени натпревари и шест порази, што е нивниот најлош почеток на сезоната.

За среќа, по девет кола во Серија А има дури четири клуба кои сè уште не знаат за победа, па работите сè уште можат да се поправат.

Виера ја презеде Џенова во ноември 2024 година откако Алберто Џилардино беше отпуштен. Тој го презеде тимот кога беше 17-то место на табелата, а на крајот од сезоната ги доведе до 13-то место. Иако се шпекулираше дека Рома и Интер го сакаат, тој ова лето потпиша нов договор до летото 2027 година.

Виера е легендарен француски играч од средниот ред со 107 настапи за „Триколорите“, со кои го освои светското првенство.

Тој ја започна тренерската кариера во 2016 година, а дотогаш ги водеше младинските тимови на Манчестер Сити. Пред италијанскиот клуб ги тренираше Њујорк, Ница, Стразбур и Кристал Палас.