Бергоми за новиот тренер на Јувентус: Очекувам генијален потег

Дерби

30/10/2025

11:21

289

Големина на фонт

а а а

Јувентус го доби првиот меч без Игор Тудор на клупата, но се очекува калчолигашот да ја затвори оваа приказна со назначување на нов стратег и со тоа максимално посветувајќи се на предизвиците кои престојат во текот на сезоната.

Ако нема некое изненадување Лучијано Спалети треба да биде промовиран во Торино, па дел од некогашните фудбалери, сега аналитичари го искоментираа овој потег и што поранешниот италијански селектор ќе им донесе на „бјанконерите“.

- Очекувам генијален потег. Во минатото, тој го тераше Брозовиќ да се спушти подлабоко и го играше Перота повисоко на теренот. Убеден сум дека овој тим може да игра подобро од ова, - истакна Џузепе Бергоми.

- Секако, подобрување на ефикасноста на нападот. Верувам дека она што Спалети ќе го направи е да му даде на Јуве јасен идентитет. Тој отсекогаш го правел тоа и мислам дека Спалети е избран и за ова. Тоа е она што го очекувам, но и да им даде вредност на некои играчи, - порача пак Лука Маркеџани.

Паоло Ди Канио верува дека Јуве ќе игра во систем 4-3-3.

- Преку што? Добро дефиниран стил на игра: 4-3-3. Напред ги имате Јилдиз и Опенда [лево], Консеисао и Жегрова [десно], Влаховиќ и Дејвид [како централни напаѓачи]. Во средниот ред се Локатели, Копмајнерс, Турам, МекКени и Мирети. Имаат бекови кои можат да бидат напаѓачки или дефанзивни. Имаат многу централни бекови.

- Во оваа ситуација, Јилдиз изгледа уште помалку еволуиран од другите бидејќи се обидува да направи нешто повеќе и запаѓа во конфузија. Не можете да го потрошите тој талент; мора да дадете сигурност, а тоа го правите со 4-3-3,  -порача некогашниот напаѓач.