Реал Мадрид има добри резултати во досегашниот дел од оваа сезона, меѓутоа и покрај тоа што засега се и оди перфектно на екипата има играчи кои се незадоволни од својот статус и актуелната минутажа.
Еден од нив е офанзивецот Ендрик кој некаде во средината на месец септември ја надмина повредата и се стави на располагање, но од тогаш нема добиено ниту една минута на осум натпревари, натпревари на кои остана неискористена замена.
Ова го тера да бара решенија и најверојатно ќе ја промени средината на почетокот на 2026 година. Според „ЕСПН“ има големи шанси тој да заврши во француски Лион и тоа на позајмица.
Бразилецот би бил меѓу главните опции во нападот, би играл стандардно, можеби нема да настапува во ЛШ, но тука е Лига Европа што значи ќе има простор да се докаже и да проба да се избори за место во тимот на Карло Анчелоти за СП во САД, Канада и Мексико.
Лион ќе треба да плати одредено обештетување за позајмицата и воедно да ја покрие неговата плата до крајот на сезоната.







