Екипата на Денвер Нагетс дојде до втората сезонска победа во НБА лигата и тоа на гостувањето во Минеаполис каде ја надигра Минесота Тимбервулвс со 127:114.
Домаќините го играа овој меч без првата ѕвезда Едвардс, па иако се бореа тоа не беше доволно да се испрати до крај клубот од Колорадо кој во вториот дел уфрли 70, а прими 49 поени.
Расположен за игра беше Мари со 43 поени и 6 асистенции, а одново на високо ниво беше Јокиќ со двоцифрен учинок во сите најважни категории, 25 поени, 19 скока и 10 асистенции.
Ова за Србинот беше трет трипл дабл во сезоната во третиот натпревар и со тоа влезе во одбрано друштво, стана третиот играч кој имал ваков старт на кампањата по Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.
Кај поразените МекДениелс и Рендл искомбинираа 49 поени.
Највозбудливо беше во Солт Лејк Сити каде Јута Џез по дополнителните минути славеше над Феникс Санс со 138:134. Играч на натпреварот беше Марканен со 51 поен, плус 14 скока и 3 асистенции. Финенецот со големи букви го испиша своето име во историјата на „џезерите“ затоа што стана прв играч по легендарниот Карл Мелоун (1998 година) кој реализираше 50+ поени за оваа екипа во натпревар од регуларниот дел на сезоната.
Воедно Лаури е 97. кошаркар кој постигна 50 поени во историјата на НБА.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Кливленд 95-116
Филаделфија – Орландо 136-124
Чикаго – Атланта 128-123
Хјустон – Бруклин 137-109
Њу Орлеанс – Бостон 90-122
Сан Антонио – Торонто 121-103
Далас – Оклахома 94-101
Јута – Феникс 138-134
Минесота – Денвер – 114-127
Голден Стејт – Мемфис 131-118
ЛА Лејкерс – Портланд 108-122









