Руни ја детектираше главната причина за кризата на Ливерпул: Можеби грешам, но…

Дерби

28/10/2025

11:56

464

Големина на фонт

а а а

Ливерпул минува низ кризен период пред се во Премиер лигата каде забележа четири порази во низа, резултати кои дојдоа по перфектниот старт и петте победи во серија.

Откако дојдоа до „пет од пет“ и 15 бода, „црвените“ се „лизнаа“ против Кристал Палас, Челси, Манчестер Јунајтед и Брентфорд и со тоа му овозможија на Арсенал да направи пристoјна предност од седум бода по само девет одиграни кола.

Шампионот мора веднаш да се разбуди, а додека го направи тоа ќе има анализи, коментари за тоа што не функционира, па според Вејн Руни главниот проблем сезонава е лидерството и двајцата клучни играчи Вирџил Ван Дајк и Мохамед Салах.

- Вирџил ван Дајк и Мохамед Салах потпишаа нови договори, но мислам дека не го предводат тимот оваа сезона. Мислам дека говорот на телото ви кажува многу и сметам дека гледаме малку поинаков говор на телото од нив двајца. Тие се двајцата најдобри играчи во тој тим и ако нивниот говор на телото не е правилен, тоа влијае на сите други. Можеби грешам во ова, но ако бев навивач на Ливерпул или менаџер, тоа би било голема грижа за мене, -вели Руни кој смета дека нема да му биде лесно на Ливерпул да се врати на победнички патеки.

- Никој не го предвиде ова, брзо ги погоди, силно ги погоди и мислам дека се мачат да најдат излез од тоа. Ова е време кога менаџерот и лидерите во тимот треба многу брзо да го решат тоа, - подвлече Руни.