Фердинанд: Аморим играше руски рулет, но сега се опамети!

Дерби

28/10/2025

08:08

557

Големина на фонт

а а а

Рубен Аморим беше под голем притисок пред само неколку недели и неговата работа беше доведена во прашање, но откако Сер Џим Ретклиф му изгласа доверба, Португалецот успеа да се погрижи за нешто што не се памети во неговата ера како менаџер на Манчестер Јунајтед.

Аморим за првпат врза две, а потоа и три победи во низа во домашното првенство, па по победата над Брајтон атмосферата е уште подобра и се чини дека Јунајтед конечно го фати залетот кој се очекуваше.

Португалскиот стручњак добиваше многу критики за тврдоглавиот пристап и максималното форсирање на напаѓачката филозофија, но Рио Фердинанд смета дека сега Аморим направил мали измени, кои всушност е клучни за напредокот во последните две недели.

– Аморим си играше руски рулет со својата работа во Јунајтед, но сега се опамети. Не направи големи промени, направи само мали измени. Ова е тоа што го бараа голем дел од фановите, само да се прилагоди на тоа што го има. Не може овој тим постојано да притиска и да напаѓа, мора да игра и поконзервативно кога ја нема топката во своите нозе.

– Овој тим не може да притиска, да притиска и да притиска во текот на 90 минути. За да го правите тоа, треба да имате страшен тим каков што има ПСЖ. Аморим не може да го прави тоа со овој тим и мислам дека го сфати тоа, – вели Фердинанд.