[ВИДЕО] Фустанот ги издржал бујните облини: Славната убавица на црвениот тепих го привлекла сето внимание поради атрактивниот изглед

Точка

22/10/2025

09:02

1.973

Големина на фонт

а а а

Манекенката и водителка Кристин Мекгинис прошетала на црвениот тепих во многу провокативен фустан.

Горниот дел во вид на корсет бил прилично плитко изработен, па нејзините бујни облини навистина биле изразени.

Кристин заводливо позирала пред фотографите, а сите очекувале да се случи некој пех. Меѓутоа, фустанот успеал да го издржи тој „предизвик“.


Борба со аутизмот

На манекенката Кристин Мекгинис ѝ бил дијагностициран аутизам во 2020 година, а таа рекла дека преживеала тешка траума затоа што ова развојно нарушување „не било дијагностицирано во младоста“, па тоа многу влијаело врз неа.

Таа рекла дека долго време се молела наредното утро да не се разбуди и дека животот повеќе пати ѝ го спасиле нејзините брат и сестра, несвесни за тоа дека имала намера да си го одземе животот.


„Мојот ран тинејџерски период беше многу тежок. Во тие години ги имав мислите: Само не сакам да се разбудам повеќе. Се молев секоја вечер наредното утро да не се разбудам“, изјавила во една прилика таа.