[ВИДЕО] Сабаленка и Бадоса со провокативен танц ги запалија социјалните мрежи

Дерби

21/10/2025

12:15

679

Големина на фонт

а а а

Најдобрите светски тенисерки полека се подготвуваат за завршниот Мастерс во Ријад кој ќе се игра од 1-ви до 8-ми ноември, а главна фаворитка за титулата дефинитивно ќе биде најдобриот женски рекет, Арина Сабаленка.

Белорусинката го освои Ју-Ес Опен и стави крај на негативната серија на грен слем турнирите која ја имаше од стартот на годината, но пред да се насочи кон освојување на завршниот Мастерс, Арина привлекува внимание со објавите на социјалните мрежи.

Сабаленка и Паула Бадоса се навистина многу добри пријателки надвор од теренот, а бидејќи го привлекуваат вниманието и со својот изглед, сега заедно решија да ги запалат социјалните мрежи.

Арина и Паула уживаат во Дубаи во изминатите неколку денови и објавуваат содржини кои се доста интересни за нивните следбеници, но убедливо најпопуларен стана провокативниот танц кој го објавија на Тикток.

Двете познати тенисерки не се срамат да се прикажат и во расоблечено издание во бикини, а објавеното видео брзо стана едно од најсподелуваните на сите платформи.