Ѓоковиќ и Роналдо си разменија дресови, Србинот му подари и рекет со специјална посвета

Дерби

21/10/2025

14:51

434

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ беше дел од „Слемот на шесте кралеви“ во Ријад и заработи 1,5 милиони долари за двата настапи на егзибицискиот турнир, но посетата во Саудиска Арабија ја искористил и за да се сретне со Кристијано Роналдо.

Португалската ѕвезда веќе неколку години е главна спортска ѕвезда во оваа земја, па сега како добар домаќин го пречекал големиот грен слме рекордер.

Ѓоковиќ во текот на оваа година имаше и специјална средба со Лионел Меси, но сега оствари контакт и со Португалецот со кого си размениле и дресови.

Српскиот тенисер при размената не пропуштил да му подари на Португалецот и рекет со специјална посвета, како и топче потпишано за тенискиот центар во Лисабон.

– За Крис (CR7). Сиуууууу, – гласи пораката на рекетот кој Ноле му го подарил на Кристијано.