Жена од Мичиген го прашала „ChatGPT“ да ѝ состави добитна комбинација за лотарија – освоила 100.000 долари

Точка

20/10/2025

14:45

2.165

Големина на фонт

а а а

Жена од Мичиген освоила 100.000 долари (85.801 евро) на извлекување на „Powerball“, откако побарала од вештачката интелигенција да ѝ избере добитна комбинација.

Тами Карви (45) е добитничка на џекпотот во септември, откако „ChatGPT“ ѝ генерирал случаен сет броеви за лотаријата.

„Побарав од „ChatGPT“ сет броеви за „Powerball“ и токму тие броеви ги одиграв“, изјавила таа за Лотаријата на Мичиген, откако ја подигнала наградата.

Четири од броевите што ги предложил четботот се совпаѓале со белите „Powerball“ топчиња, што веднаш ѝ донело добивка од 50.000 долари. Меѓутоа, бидејќи уплатила и опција „Power Play“, добивката ѝ била двојно зголемена.


Иако користела вештачка интелигенција за избор на броевите, Лотаријата на Мичиген потенцира дека нејзината добивка и понатаму е резултат исклучиво на среќа.

„Резултатите од сите извлекувања на Лотаријата се случајни и не можат да се предвидат со помош на вештачка интелигенција или други алатки за генерирање броеви“, соопшти Лотаријата.

Сепак, таа не е единствената што победила на игра на среќа со помош на „ChatGPT“. Уште една жена од САД, Кери Едвардс, исто така остварила добивка на „Powerball“, откако нејзиниот тикет бил генериран од вештачка интелигенција. Таа освоила 50.000 долари, но со користење на „Power Play“, конечниот износ ѝ се утроил на 150.000 долари.