Џанлуџи Донарума има нов предизвик во кариерата и тоа во Манчестер Сити што воедно значи дека веќе на „мапата“ има уште една од топ пет лигите во Европа.
Донарума преку Милан почувствува како е да се настапува во Серија А, потоа како член на Пари Сен Жермен се бореше за пехари во Лига 1, а од оваа сезона настапува во Премиер лигата.
Иако е кратко време во Англија тој можеше да почувствува каква е состојбата, фудбалот, атмосферата, па запрашан за споредба меѓи италијанскиот и англискиот фудбал, тој беше јасен и директен.
- Имав среќа да доживеам многу различни реалности: од Лига 1 до Премиер лигата, каде што неодамна пристигнав. Од далеку, можам да кажам дека нашиот фудбал не е ништо помалку од другите. Во Англија трчате од првата минута од натпреварот до последната минута, кај нас не е така, но тоа не значи дека е подобро или полошо. Едноставно така е…-вели Донарума кој очекува пласман на Италија на СП.
- Нема да се случи трет пат, не може да се случи: оваа репрезентација ќе заврши на следното Светско првенство. Немам никакви сомнежи. Лекциите од минатото се значајни ако ги прифатите: нема да потцениме никого, нема да го земеме никого лежерно; нема да има смисла да го правиме тоа.
- И, покрај тоа, оваа група се сака меѓусебно: ќе бидеме подготвени кога ќе дојде време за плејоф. Зборот плејоф не нè плаши, нема да нè засегне. Во оваа нова Италија, групата е здрава, убава, обединета: можам да го кажам тоа со сигурност. Се чувствуваме добро заедно, се чувствуваме во хармонија едни со други, -порача голманот.







